Пред пет години: Денот кога Пандев го исполни сонот на многу генерации и ја однесе Македонија на Европско ! (ВИДЕО) и фото
- Aleksandar Santovski
- Nov 13
- 1 min read
13.11.2025 Noemvri Cetvrtok
На денешен ден пред точно пет години секој граѓанин на Македонија беше горд на фудбалерите, кои направија неверојатен успех кој беше сон на секоја генерација.
Во Тбилиси, момците на Игор Ангеловски одиграа епски дуел со Грузија и за првпат во историјата обезбедија пласман на еден голем фудбалски собир. Херој на Македонија во тоа финале од Лигата на Нации беше големиот Горан Пандев, кој со својот гол си го оствари сонот и ја предводеше својата селекција на континенталниот собир. Таму, Македонија не успеа да забележи бодови на дуелите со Украина, Холандија и Австрија, но со својот пристап на игра остави позитивен впечаток кај фудбалската јавност.
Една година потоа, македонските фудбалери за првпат изборија пласман во бараж за Светско првенство. Во првиот меч ја совладавме Италија, но потоа бевме сопрени од Португалија.






Comments