Преговорите запнале, Челси може да загуби англиски репрезентативец
Челси доведе многу засилувања во јануарскиот преоден рок, амбициозното раководство има и дополнителни планови за трансфери во летниот преоден рок, но тоа носи и одреден ризик за разделба со важни играчи на лондонскиот тим. Англиските медиуми најавуваат дека трансфер лудилото на Челси може да предизвика заминување на Мејсон Маунт, кој не бил задоволен од понудата на клубот во преговорите за продолжување на договорот кој истекува следното лето. Преговорите со агентите на Маунт запнале, а тоа го запалило алармот кај ривалите, кои веќе го опипуваат пулсот на фудбалерот и неговите очекувања. Маунт заработува 80.000 фунти неделно и очекува покачување кое ќе го отслика неговиот статус во екипата како првотимец и англиски репрезентативец. Рис Џејмс доби договор тежок 250.000 фунти неделно, па разбирливо е што Маунт нема лесно да стави потпис на договор кој нема да ги исполни неговите очекувања. Ливерпул и Манчестер Јунајтед не би штеделе за да го добијат англискиот репрезентативец во своите редови, а се споменува дека Маунт може да биде понуден и во размената со Жоао Феликс и да се пресели во Атлетико Мадрид.
Comentarios