top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Првото „Ел класико“ годинава во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп

ФУДБАЛ

Од утре до недела, во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се играат натпреварите за шпанскиот Суперкуп во фудбал, на кој ќе настапат шампионот во Ла лига, Атлетико, вицешампионот Реал Мадрид, потоа победникот во Купот на Шпанија, Барселона, и поразениот во финалето на Купот, Атлетик. Утре во првиот натпревар, во првото „Ел класико“ годинава, ќе се сретнат Барселона и Реал Мадрид, а в четврток ќе играат Атлетико и Атлетик. Финалето е на 16 јануари. По едногодишна пауза поради пандемијата на ковид-19, кога Суперкупот се одржа во три града (Кордоба, Малага и Севилја), натпреварувањето ќе се врати во Саудиска Арабија.


3 views

Comments


bottom of page