top of page

Првиот човек на Формула 1: Гледам потенцијал за 30 трки во сезона

Актуелниот прв човек на Формула 1, Стефано Доменикали, навестил дека популарниот шампионат размислува за дополнително проширување на календарот, па дури и трка во Африка. Италијанецот разговарал со Мартин Брандл и открил дека Лас Вегас и трка во Африка можат да дојдат предвид наредните години. – Покрај Америка и Кина, мислам дека наскоро би можеле да бидеме присутни и во Африка. Таму постои голем интерес, а овој континент ни недостасува на нашата географска слика, – истакнал Доменикали, потврдувајќи дека Ф1 може да се врати во Јужна Африка каде последен пат е возена трка во 1993 година. Најсериозен кандидат за дополнителна трка е Лас Вегас, што е во склоп со договорот со тимовите до 2025 година да има најмногу 24 трки во сезона. – Мислам дека има потенцијал да стигнеме не само до 24, туку и до 30 трки. Мора да го најдеме вистинскиот баланс, а има и промотери чии договори истекуваат па дел од актуелните трки може да бидат елиминирани од календарот, – изјавил Доменикали. Сезонава во Ф1 се планирани рекордни 23 трки.


 
 
 

Comments


bottom of page