Првиот човек на Лацио: Потребна ни е малку среќа за Скудетото
Лацио веќе подолго време е меѓу поквалитетните екипи во Италија и редовно игра во европските купови, но во исто време не успева да направи чекор напред и да се замеша за самиот врв, пехарот во Серија А.
Минаа повеќе од две децении од последниот триумф на „лацијалите“ (1999-2000) и секако сите навивачи, подржувачи на клубот посакуват тоа одново да се случи. Доста за тоа влијание имаат и ќе имаат вложувањата на првиот човек Клаудио Лотито кој денеска порача:
-Откако сум во клубот Лацио покрај Милан и Јувентус, освои најмногу титули. Ама една важна работа недостасува-тоа е Скудетото. Ние работиме на тоа. Посветени сме на остварување на зацртаните цели. Доброто лидерство и добриот план не секогаш носат резултати. Ни треба и малку среќа, -истакна Лотито на денот кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Томасо Маестрели, човекот кој своевремено му го донесе првиот лигашки трофеј на составот од италијанската престолнина.
Comments