top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач

Updated: Aug 13, 2021

12.08.2021 Avgust Cetvrtok

Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“, вчеравечер го отвори филмскиот фестивал во Брач, Хрватска.

Станува збор за меѓународен фестивал на долгометражни играни филмови каде што се прикажуваат новите дела на младите режисери, најчесто нивните првенчиња. Според продуцентот „Дрим Фектори“, Филмскиот фестивал на Брач е млад и динамичен и се одржува во, како што некои го нарекуваат, историскиот центар на светот, каде што вкрстувањето на културите, јазиците и луѓето резултираше со креативно создавање на врвна уметност. Ова е филмски фестивал базиран на публиката и нејзиното мислење, фокусиран кон младите и децата, заинтересиран за поттикнување на креативниот раст на филмаџиите во подем.

Инаку, „Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, тој престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него и среќна е од неговата близина. Дедото, пак, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство. Главен лик во филмот е младата шарпланинка Стела, улога толкува и младиот Петар Маниќ, а настапуваат и актерите: Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Режисер е Стојан Вујичиќ, а продуцент Огнен Антов.



2 views

Comments


bottom of page