top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Првиот космонаут од Белорусија ќе биде жена

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го посети центарот за обука на космонаути „Гагарин“ во близината на Москва и во таа пригода рече дека секоја од шесте белоруски кандидатки за космонаути, кои ќе поминат строг лекарски преглед, ќе биде член на екипажот на летот до Меѓународната вселенска станица следната година.

– Доколку ги поминат строгите здравствени контроли, ќе имаат шанса. Оние што нема да летаат во првата експедиција, ќе го сторат тоа следниот пат. Не грижете се, ќе има работа за сите – рече Лукашенко, додавајќи дека космонаутот на „Роскосмос“, Олег Новицки, ќе ги надгледува белоруските кандидати за космонаути.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во 2023 година белоруски космонаути ќе летаат до Меѓународната вселенска станица, а претседателот на Националната академија на науките, Владимир Гусаков, оцени дека обуката треба да биде завршена до крајот на септември следната година и дека, како што рече тој, првиот белоруски космонаут ќе биде жена.


1 view

Comments


bottom of page