top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Први места за Милошевски, Дуковска, Гроздановска, Реџепи и Атанасовски

Според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, во саботата на теренот на коњичкиот клуб Илинден од Скопје, на хиподромот во Маџари, се одржат третото коло-финале од Купот на Македонија во прескокнување на пречки за годинава. На програмата беа четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и дебитанти со височина на пречките од 1,05-1,2 метри и широчина од 1,4 метри. Натпреварот од 6-коло од Првенството на Македонија-финале, закажано в недела, не се одржа поради обилните дождови во саботата попладне. Терминот за истиот натпревар, дополнително ќе биде објавен од Федерацијата за коњички спортови на Македонија.

Во првиот натпревар, во класата Ц (1,05- 1,1 м), победи Петар Милошевски со грлото „Надја“ од клубот Бравадс, пред Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од КК Илинден и Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ од КК Анималс.

Во вториот натпрева, во класата Б (1,15-1,3 м), најдобра беше Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од КК Анималс.

Во третиот натпревар, во класата Ц (1,2-1,4 м), првото место му припадна на Самир Реџепи со грлото „Коку’ од КК Илинден.

И во класата дебитанти (0,6-0,7 м), прв беше Горјан Атанасовски со грлото „Чарли“ од КК Илинден. Г.И.


1 view

留言


bottom of page