top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Првенство во борење слободен стил до 17 години: Балканец со најмногу медали

31.05.2024 Maj Petok

Минатиов викенд во спортската сала ,,Јордан Мијалков” во Штип, се одржа државното првенство во борење (слободен стил) за 2024 година, во машка и женска конкуренција, за младинци до 17 години.

Клубот кој беше технички соорганизатор, „Балканец 2008“ од Штип, на крајот од турнирот имаше и најмногу причини за радување бидејќи нивните младинци имаа најголем број на освоени медали.

Учествуваа вкупно 95 младинци од 15 клубови, при што зад Балканец се најдоа Лирија и Бучим.

Поединечно, до титулата државен првак стигнаа: Леон Манов (45 кг), Никола Гичев (48 кг), Муса Бислими (51 кг), Зоран Шоров (71 кг) и Тео Стојков (110 кг), сите од „Балканец 2008“. Мухамед Весели (60 кг), Трим Исмаили (65 кг) и Омер Мемеди освоија златни медали за „Лирија 2010“, додека надвор од овие два клуба имаше само две злата: Илија Танчев ( 55 кг) од Бучим, како и Мухсин Алија (92 кг) од Студеничани.


0 views

Comments


bottom of page