top of page

Првата светска тенисерка Арина Сабаленка обезбеди место во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше во големата пресметка против Наоми Осака со 2-0 во сетови (7-5, 6-3).фото и видео

02.06.2026 Juni Vtornik

Првата светска тенисерка Арина Сабаленка обезбеди место во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше во големата пресметка против Наоми Осака со 2-0 во сетови (7-5, 6-3).

Јапонката одлично го отвори натпреварот и поведе со 2-0 во првиот сет, но Сабаленка брзо се врати во игра со рибрејк и израмнување на 2-2. Во продолжението двете тенисерки водеа голема битка, а Белорусинката беше посигурна во завршницата и го освои сетот со 7-5.

Охрабрена од водството, Сабаленка го контролираше вториот сет, направи брејк во клучниот момент и рутински ја приведе средбата кон крај за конечни 6-3.

Во четвртфиналето, првата носителка ќе се соочи со Дијана Шнајдер. Руската тенисерка во осминафиналето беше подобра од Медисон Кис со 6-3, 3-6, 6-0.


 
 
 

Comments


bottom of page