top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прва самостојна изложба „Мрак“ на скулпторот Озбек Ајваз

На 23 август 2023 година, во 19.30 часот, во мобилната/монтажната галерија при Центарот за современи уметности во Паркот на франкофонијата, ќе биде отворена првата самостојна изложба „Мрак“ на скулпторот Озбек Ајваз, на која ќе бидат изложени скулптурите изработени од рециклирано железо. „Среде темнината што се шири една светилка се појавува како симбол на надеж. Незиниот нежен сјај се пробива низ мракот, кој го открива патот пред нас, давајќи чувство на утеха…“ Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на РСМ. Озбек Ајваз е роден 1999 година во Скопје, РС Македонија. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, со модул сценографија во 2021 година, под менторство на проф. м-р Жарко Башески и проф. м-р Беди Ибрахим. На магистерски студии е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, остек вајарство, под менторство на проф. м-р Жарко Башески. Во периодот од 2019 до 2023 година учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и колонии во Македонија, Турција, Косово и во Црна Гора. Во 2021 година ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул, Р. Турција. Од 2023 година е член на ДЛУМ – Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Скулптурите што ги изработува се од рециклирано железо во апстрактна и геометриска форма. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан, и Џулио Гонзалес.


1 view

Comments


bottom of page