ПРВА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР НА ЕВРОВИЗИЈА 2022
10.05.2022 Мај Вторник
Вечерва во Торино, се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, на која за место во финалето се бореа 17 земји. Домаќини на првото евровизиско полуфинале се оскаровската пејачка Лаура Паусини, Алесандро Кателан и пејачот Мика, а европски центар вечерва беше салата Пало Олимпико.
66-то издание спектакуларно го отвори Албанија и нејзиниот претставник Ронела Хајати со песната „Тајна“, а по неа настапија претставниците на Литванија, Летонија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.
По изведувањето на сите песни, секоја земја ги презентираше незјините гласови од 1 до 8, 10 и 12 поени; во состав сет од жири од пет експерти од музичката индустрија и еден од телевоутингот на гледачите. Гледачите гласаа преку телефон, СМС и преку официјалната апликација на Евровизија.
Кој ќе се квалификува за финалето одлучуваше комбинацијата на гласовите од публиката и националното жири. Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција или „Големата петорка“, веќе имаат загарантирано место во финалето. Од балканските земји настапија Хрватска со претставничката Мила Димишиќ и Словенија со групата ЛПС.
Додека траеше гласањето публиката се забавуваше со Diodato, Dardust, Benny Benassi and Sophie & The Giants.
Во сабота во финалето ќе ги видиме Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Нашата претставничка, Андреа ќе настапи на втората полуфинална вечер на 10-ти мај. Тогаш ќе настапи и српската претставничка Констракта која е единствената која таа вечер ќе пее на мајчин јазик. Констракта веќе влезе во историјата на Евровизија, зошто за првпат латинскиот јазик е употребен во песна во комбинација со друг јазик. Последен пат кога наш претставник пееше на мајчиниот јазик на Евровизија беше во 2016 година, кога настапи Калиопи со песната „Дона”.
Еве ви го целото видео од првата вецер во Торино Италија и пресс конференциата
Comments