Search
Прва плејоф победа за Поповски и Арсеновски во Швајцарија
Амичитија Цирих на македонските интернационалци Мартин Поповски и Филип Арсеновски ја забележа првата победа против Берн во четвртфиналната плејоф фаза во Швајцарија.
Мартин, Филип и компанија го загубија првиот меч на домашен терен со 28-27, па денеска го возвратија ударот и славеа кај Берн со 32-29 за 1-1 во овој дуел.
Гостите направија пресверт во второто полувреме и со 18-13 изборија триумф кој може да биде од клучно значање во пресметката. Блатлер со седум гола беше водечки стрелец кај победниците за кои Поповски даде еден гол од три обиди.
Третиот натпревар меѓу овие два состави е закажан за 13 април.
Comments