top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прва детска претстава на знаковен јазик

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Утре на сцената на Центарот за култура во Битола, во режија на режисерот Јован Ристовски ќе се одржи премиерата на првата професионална детска претстава на знаковен јазик во Македонија. Премиерата покрај за широката детска публика наменета е посебно за децата со оштетен слух. На сцената, актерите паралелно со говорот користат и знаковен јазик.

– Претставата освен што е на знаковен јазик покажува и еко-катастрофа која се случува поради глобалното затоплување, вишокот на ѓубре, се загадува воздухот, водата, почвата, храната. Акцентот е ставен дидактички на тоа дека пластично ѓубре треба да се фрла во сина корпа, хартијата во жолта, останатото во зелена. Освен што децата ги едуцираме на знаковен јазик, ги учиме и како да селектираат смет,да расте свеста кај нив, да не се фрла ѓубрето по улици – вели режисерот Јован Ристовски.

Тој додава дека идејата да направи претстава за деца на знаковен јазик ја добил во 2010 година како режисер на Интернационалниот детски музички фестивал „Тра-ла-ла” на кој бил вокален монолог преведен на знаковен јазик од девојче од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор од Битола.

Овој проект се одржува во организација на граѓанското здружение од Битола, АТО и со поддршка на Министерството за култура, рече Ристовски. М.М.


1 view

Comments


bottom of page