top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прв Јапонец во „црвено-црниот“ дрес: Вардар го официјализираше трансферот на Јасухира

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Вардар 1961 го потврди ангажманот на 23-годишниот среден бек Косуке Јасухира.

Јасихура доаѓа во Скопје од редовите на Висла Плоцк и тоа на позајмица до крајот на сезоната со тоа што Вардар ќе има опција да го откупи договорот по натпреварувачката 2023/2024.

Тој е првиот Јапонец кој ќе го носи дресот на двократниот европски шампион, играч кој е експлозивен, играч кој има настапувано уште во Франција, Лига Европа, па во таборот на Вардар се надеваат дека ќе биде топ засилување за престојната кампања.

Косуке веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.




4 views

Commentaires


bottom of page