Search
Прв чекор за остварување на мундијалскиот сон: Македонската репрезентација отпатува во Палермо (Фото
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2022
- 1 min read
Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Палермо, каде задутре ќе го одигра плејоф дуелот со Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
Избраниците на Благоја Милевски имаат тежок предизвик во полуфиналето на плејофот и тоа во дуел со актуелниот европски првак, а од вечерва ќе бидат на Сицилија каде ќе се одигра натпреварот во четврток.
Сите билети за стадионот „Ренцо Барбера“ се веќе продадени, што е најава и за жешка атмосфера од домашните фанови, кои ќе ја бодрат Италија на патот кон евентуален втор и последен дуел во плејофот.
Победникот од мечот Италија-Македонија ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.



Comentarios