top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прв фестивал на книгата

Првиот фестивал на книгата на отворено почна пред СЦ „Борис Трајковски“ (кај картингот) и ќе трае до 12 септември. Мотото на фестивалот е „Скопје чита!“, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература ќе уживаат во богатата понуда. На фестивалот на книгата ќе се претстават триесетина издавачки куќи, со изданија од голем број домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и за деца.

Учесници на фестивалот се: „Академска книга“, „Три“, „Паблишер“, „Сакам книги“, „Топер“, „Антолог“, „Култура“, „Полица“, „Магор“, „Или-или“, „Бегемот“, „Темплум“ и други издавачки куќи.


0 views

Comments


bottom of page