Прв пораз во Лигата на нации: Фудбалерките немаа сили против фаворизираната Словенија
- Aleksandar Santovski
- Apr 9, 2024
- 1 min read
09.04.2024 April Vtornik
Најсилната женска фудбалска репрезентација на Македонија отвори со победа на првиот натпревар во Лигата на нации, но тесната победа над Летонија (3:4) денеска за жал беше заборавена со висок пораз.
Нашите девојки ги пречекаа најдобрите фудбалерки на Словенија, а на теренот „Петар Милошевски“ гостинките остварија уверлив триумф кој дефинитивно беше и очекуван.
Фудбалерките влегоа со голем мотив на денешниот меч во второто коло по ветувачкиот настап во Рига, но Словенија брзо покажа дека е класа за себе и доста рано поведе во Скопје.
Корошец погоди за 0:1 во 24-та минута, пет минути подоцна погоди и Панчурова, но мрежите не мируваа и во второто полувреме во кое видовме уште три гола.
Прашникар го реши прашањето околу победникот на стартот на вториот дел, а до крајот конечните 0:5 ги поставија Кајзба и Колбл.
Comments