top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прв медал за Македонија од Медитеранските игри: Егоров стигна до бронзата

Македонија го доби првиот официјален медал на Медитеранските игри откако борачот Владимир Егоров го доби репесажот против Абделхаг Хербаче и стигна до бронзениот медал на игрите во Алжир.

Борачот во категоријата до 65. килограми загуби од Египќанецот Хафез, но бидејќи тој влезе во финалето нашиот претставник доби шанса да има борба за бронзен медал.

Во борбата Егорв беше поуспешен од Хербаче кого го доби со 7:2 и се закити со бронзениот медал, прв официјален за Македонија на Медитеранските игри.

Инаку, сигурно е дека до медал ќе стигне и вториот борец, Макомегаџи Нуров кој ќе се бори за златото со турскиот борач Актурк. Нуров ќе го добие најмалку сребрениот медал, а нормално е да се надеваме на крајот да се закити со најсјајното одличје.


4 views

Comments


bottom of page