Прв Етно фестивал во Охрид
Во организација на здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, а со поддршка на Општина Охрид на 27 и 28 април ќе се одржи првото издание на „Етно фестивал – Охрид 2022“.
На првата фестивалска вечер ќе настапи етно составот „Монистра“, со што ќе го најави и почетокот на нивната турнеја низ Македонија по повод 20 години постоење на македонската музичка сцена.
Втората фестивалска вечер, како што најави организаторот, ќе биде во знакот на традиционалните народни носии од сите краишта на Македонија, чиј колекционер е Антонио Стојчески. Настап ќе имаат и ученици од насоката за национална песна и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје.
Етно фестивалот ќе се одржува на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“52-Охрид. Влезот е бесплатен.
Comments