Праизведба на претставата „Торонто експрес“
- Aleksandar Santovski
- Dec 1, 2021
- 1 min read
01.12.2021 Dekemvri Sreda
Со особено задоволство ја најавуваме најновата претстава на МНТ „Торонто експрес“ работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, својата праизведба ќе ја доживее на 15 декември со почеток во 20 часот. Главниот лик е доверен на маестралниот Александар Микиќ. Исто така, ја најавуваме и промоцијата на книгата „Торонто експрес“/„Тибам Штркот – апдејт“, која ќе се случи на 7 декември во просториите на книжарницата Литература во Ист Гејт Мол во 20 часот, а читателите со секоја купена книга добиваат ваучер/билет, кој ќе можат да го искористат во месеците што следат. Претставата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам Штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија… Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта — дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици. На адаптацијата на текстот работеа: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Како извршен продуцент се потпишува Виктор Рубен, сценографското решение е на Мартин Манев и костимограф е Роза Трајческа-Ристевска. Следните изведби се закажани на 16 и 20 декември.

Comments