Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови... фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Apr 12
- 2 min read
Updated: Apr 13
12.04.2026 April Nedela
Сабота кон Недела вечерта православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови...
Христос воскресна – навистина воскресна. Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа литургиска прослава, а по свеченото објавување на воскресението, следуваше пасхалната литургија, со која чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.
Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.



Видео цело од објавувањето дочекувањето на Христовото Воскресение во Црквата Свети климент Охридски со литургија и објавување на Воскресението од поглаварот на Македонската Црква Г.г Стефан





Comments