Search
Правниот тим на Бритни трага по уреди за прислушкување во нејзината куќа
Updated: Oct 6, 2021
05.10.2021 Oktomvri Vtornik
Правниот тим на Бритни Спирс, наводно, извршил претрес во нејзината куќа за да открие дали има уреди за прислушкување или надзорни камери по наводите дека нејзиниот татко Џејми Спирс ги следел сите комуникации без нејзино знаење или согласност во текот на спорното старателство. Адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, повика поранешни специјалисти за воена безбедност да извршат сеопфатен претрес на палатата на Бритни во Таузенд Оукс, пишува британски „Сан“. Наводно, ѕидовите, мебелот, декорот, вратите, отворите и таваните биле проверени за магнетни бубачки или друг скриен надзор. Засега не е познато дали е пронајдено нешто.
Comments