top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Правилото на УЕФА вели: Јунајтед може да остане без европски фудбал поради новиот газда


25.03.3034 Mart Ponedelnik

Џим Ретклиф купи нешто повеќе од четвртина од акциите на Манчестер Јунајтед и стана косопственик на клубот, па иако тоа е одлична вест за сите приврзаници на клубот од „Олд Трафорд“, напревената трансакција со познатиот бизнисмен носи и еден проблем.

Угледниот „Сан“ денеска пренесе информација која ја проследија и сите останати познати медиуми од Островот, а во истата се потенцира правилот на УЕФА според кое Јунајтед би останал без европски фудбал во наредната натпреварувачка сезона.

Европската фудаблска Федерација не одобрува два клубови кои имаат исти газди да бидат дел од исто европско натпреварување, па бидејќи Ница и Јунајтед во моментов се на места кои водат во Лига Европа, постојат реални шанси „ѓаволите“ да останат без излез во Европа.

Компанијата „ИНЕОС“ која ја раководи Ретклиф има голем број акции и во франуцскиот клуб Ница, па доколку не дојде до попуштање на строгото правило, неговиот втор клуб Јунајтед нема да може да се најде на европската мапа наредната сезона.

Според правилата, два клуба со ист газда можат да играат во Европа само ако се во различни натпреварувањата (на пример Лигата на шампионите и Лига Европа), но бидејќи и Ница и Јунајтед се на позициии кои водат во ист турнир во моментов, шанса за играње ќе добијат само ако дојде до промена на правилото.

Интересно, УЕФА ова лето ќе биде под навистина голем притисок сериозно да го разгледа ова правило, бидејќи според актуелното и Џирона не би можеле да игра во Лигата на шампионите во друштво на Манчестер Сити (Сити групацијата ги поседува двата клуба).


0 views

Comments


bottom of page