top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прав од Месечината ќе се продава на аукција

Оние што сакаа да поседуваат сувенир од вселената сега конечно имаат шанса да го сторат тоа. Правот собран на Месечината за време на мисијата „Аполо 11“ ќе се продава на аукција во аукциската куќа „Бонамс“, на 13 април, а примероците ги собрал славниот Нил Армстронг. Конкуренцијата на аукцијата ќе биде жестока, а се проценува дека месечинскиот прав би можел да достигне цена и до 1,2 милион долари.

Меѓутоа, овој прав има „правна историја“, а НАСА наводно не знае кога го изгубила знаењето за локацијата на правот. Во 2002 година, таа беше коосновач на музејот „Макс Ари“ во Канзас, кој беше обвинет за продажба на украдени артефакти. Месечинскиот прав ѝ беше продаден во 2015 година на сегашната сопственичка Ненси Ли Карлсон, која за него платила само 995 долари. Кога го испратила правот во НАСА на проверка, американската вселенска агенција одбила да го врати, тврдејќи дека правот му припаѓа на „американскиот народ“ и дека треба да биде изложен во јавен музеј. Во 2016 година, Карлсон ја тужеше НАСА поради заплена на имот и ја доби правната битка. Месечинскиот прав го собра Нил Армстронг на 20 јули 1969 година, кога стана првиот човек што стапнал на Месечината.

Повеќето примероци од почвата на Месечината се чуваат во седиштето на НАСА, некои сè уште се запечатени, додека други се отворени како подготовка за мисијата „Артемида“. На почетокот на овој месец, НАСА откри 50-годишен резервоар со примероци од Месечината, собрани од астронаутот на мисијата „Аполо 17“, Џин Сернан, во 1972 година. Правот од Месечината е складиран во вакуумски контејнери за идните генерации научници да можат да користат нова технологија и да ја анализираат лунарната почва.


1 view

Comments


bottom of page