top of page

Прoмовирана втората книга на Миле Новески – Мајкл

08.08.2025 Avgust Petok

Втората книга на Миле Новески со работен наслов „Патеписи“ беше денеска промовирана во големата сала од Центарот за култура во Кичево. Авторот на оваа книга, на само нему својствен начин ги набележал своите патувања и престој во повеќе од 50 земји од светот. Новески е писател кој на постари години почнал да пишува со љубов кон раскажувачките случки од неговиот и животот на неговите најблиски, пријатели и познаници. Раскажува искрени приказни и автентични случки.– Својата втора книга ја напишав за период од шест месеци и сметам дека љубителите на убавата книга ќе пројават интерес за моето второ книжевно дело. Оваа книга е лесно профатлива за читателите, брзо се чита и добар дел од нејзините излагања можат да бидат и лични доживувања на многумина мои читатели. Содржи близу 180 страници и може да се подели во повеќе целини, кои третираат дел од мојот живот во земјите и градовите каде што сум престојувал или живеел. Промоцијата на мојата втора книга предизвика голем интерес кај голем број мои блиски роднини, другари и пријатели, кои допатуваа дури од Канада и Австралија и други земји од светот, а добро пополнетата сала од Центарот за култура е најдобра потврда за интересот на читателите на моето второ книжевно дело – нагласи авторот Новески и по малку срамежливо најавува и трета своја книга.

– Иако сум во поодминати години, сепак можам да го најавам и моето трето книжевно дело, а кога тоа ќе се случи ќе ја имате таа чест и привилегија први да дознаете – додава Новески.

ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page