Почнуваат Деновите на руската наука
18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
Традиционалните Денови на руската наука почнуваат денеска, во 11 часот, со свечено отворање во Македонската академија на науките и уметностите, на кое ќе се обратат: Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, и Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет, и Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид. Утре, од 11 часот, на програмата е излагањето на темата „Вештачка интелигенција – придобивки и недостатоци“ на академик Љупчо Коцарев, а в среда „Достигнувања во биохемијата и молекуларната биологија“ на Велимир Стојковски.
В четврток манифестацијата продолжува со излагања на темата „Достигнувања во земјоделските науки“ на Евгениј Варисович Камалдинов, проректор за научна и меѓународна дејност на Новосибирскиот аграрен универзитет, и „Достигнувања во ветеринарната медицина“ на Лариса Александровна Гнездилова, проректорка за наука и иновации на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјаб“. Исто така, месецот октомври ќе биде посветен на посета на училишта каде што се изучува рускиот јазик во Македонија. За учениците ќе се одржат кратки предавање за Русија, руската култура и литература, а на библиотеките на училиштата ќе им бидат подарени книги на руски автори во превод на македонски. Деновите на рускиот јазик и култура се по иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Русија во Македонија, а се финансираат од фондацијата „Руски мир“.
Comentários