top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почнува трката по 109-те златни медали

ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПЕКИНГ

Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2022 година во Пекинг денеска ќе бидат свечено отворени со церемонија, а на 24-те ЗОИ до 20 февруари треба да настапат речиси 3.000 спортисти од 91 земја во трка за 109-те златни медали во седум спорта, пишува „Би-би-си“. Пекинг е првиот град што е домаќин и на летни и на зимски игри, 14 години откако беше домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2008 година. ЗОИ 2022 се одвиваат во три места. Пекинг ќе биде домаќин на настаните во затворен простор, карлинг, брзо лизгање, уметничко лизгање, хокеј на мраз, како и церемониите на отворање и на затворање. Јанкинг, кој се наоѓа 75 километри од Пекинг, е дом на лизгачките спортови, боб, скелетон и санкање, и на алпското скијање. Планините Џанџакоу, 180 километри од кинескиот главен град, се домаќини на скијање во слободен стил, сноуборд, скијачки скокови, биатлон и нордиско скијање. Многу од местата во Пекинг од Игрите во 2008 година се пренаменети, вклучувајќи ги и арената за пливање, која е реновирана за да стане дом за карлинг, и стадионот, кој ќе биде домаќин на церемониите на отворање и на затворање. САД испратија 224 спортисти, што ги прави најголемиот тим на ЗОИ 2022, 17 земји испратија по еден спортист, а според бројноста, зад САД се Канада со 215 спортисти, Русија со 212, Кина со 174, Швајцарија со 167, пишува „Би-би-си“. Македонија на ЗОИ 2022 ќе има тројца спортисти, Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско скијање и Дардан Дехари во алпско скијање. Американскиот сноубордер Шон Вајт ќе настапи на своите петти ЗОИ, а Клаудија Пехштајн од Германија (брзо лизгање) ќе се натпреварува на осмите зимски олимписки игри.

РАСПОРЕД

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ДИСЦИПЛИНА НАСТАП Ана Цветановска 7,5 км слободно утре Ставре Јада 1,5 км спринт 8 февруари Ана Цветановска 7,5 км скијатлон и 10 км класично 10 февруари Дардан Дехари слалом 13 февруари Дардан Дехари велеслалом 16 февруари Ставре Јада 50 км слободно 19 февруари


1 view

Comments


bottom of page