Search
Почнува Арена Спорт Македонија – врвните спортски натпревари на македонски јазик
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 Juni Cetvrtok
Програмата во живо ќе почне во четврток со стартот на Светското фудбалско првенство, дотогаш на каналите на Арена Спорт Македонија ќе се емитуваат документарни серијали за претстојниот Мундијал и снимки од постари натпревари.
Арена Спорт Македонија за почеток ќе има три канали, тие ќе го добијат местото на досегашните Арена Премиум 1, 2 и 3. Останатите канали на Арена ќе останат и понатаму да се емитуваат.
Тимот на коментатори го сочинуваат искусни и познати лица на македонската јавност, овојпат собрани на едно место, во една телевизија која ќе ги емитува сите врвни спортски натпреварувања кои ќе бидат интересни за нашата публика.






Comments