Почнува 25. Оффест - годинава осум концерти и еден музички документарец во Скопје Македонија
- Aleksandar Santovski
- Jun 4
- 1 min read
03.06.2026 Juni Sreda
Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка.
Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, рече, не се амбицирале да направат нешто специјално или програмски да го прошират фестивалот поради тоа што буџетот е ограничен и не постојат инфраструктурни услови за концертите. Како што посочи, со години бараат летна сцена поради тропските услови, но дека досега не им е излезено во пресрет.






Comments