top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почна снимањето на краткиот игран филм „Северен пол“

29.01.2021 januari petok

Во отежнати услови со следење на Ковид-19 протоколите, на 26 јануари започна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска, во продукција на „Кино Око“, информира Агенцијата за филм.

Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти се Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ од Сервиа Филм.

Агенцијата за филм информира дека снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31 јануари оваа година.

Извор:МИА


5 views

Comments


bottom of page