top of page

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“). Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм Back to Black („Враќање во црно“), ист наслов како и албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг. Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум Back to Black (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл Rehab. Таа стана една од петте жени во тоа време што освоија пет „Греми“ во една вечер, вклучувајќи најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.



 
 
 

Comentários


bottom of page