top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почна сезоната во која ќе се бркаат и нови рекорди

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

КОШАРКА – НБА

Актуелниот НБА-шампион Милвоки на премиерниот кошаркарски меч сезонава во Западната конференција го совлада еден од најголемите ривали за титулата, Бруклин, со 127-104 и со тоа ги потврди високите амбиции и во новата сезона. Кај победничкиот тим Јанис Адетокунпо реализира 32 поена, 14 скока и седум асистенции. Кај поразените Кевин Дурент оствари 32 поена и 11 скока, а Џејмс Харден 20 поени. Во вториот меч на денот, Голден стејт го надигра на гости Лос Анџелес лејкерс со 121-114, а Немања Бјелица на официјално првиот меч за клубот одигра одлично во победата, остварувајќи 15 поени и 11 скока. Стеф Кари постигна 21 поен, а еден поен помалку Џордан Пул. На домашните не им помогнаа 32-та поени на Леброн Џејмс и 31-от поен на Ентони Дејвис. Во јубилејната 75-та НБА-сезона, се поставуваат и многу други прашања, освен дали Милвоки ќе ја одбрани тутулата, како што се на пример, кој ќе биде најкорисен играч (МВП), кој ќе биде најефикасен, кој тренер прв ќе добие отказ, и слично. Но постојат и историски лични рекорди што можат да се надминат.

Така, на пример, Леброн Џејмс минатата сезона ја надмина границата од 35.000 поени (35.367). Пред него е Карл Мелоун со 36.928, а прв е Карим Абдул Џабар со 38.387 коша. Со евентуални 1.561 поен во сезонава, тој би можел да го надмине Мелоун и да биде втор на таа листа. Во изминатите четири сезони, Џејмс имаше просек од 1.645 коша. Двајцата играчи се пред Џејмс и во поени постигнати од игра, Џејмс има 12.903, Мелоун 13.528, а Џабар 15.837 поени. Леброн е историски гледано шести според одиграни минути (50.055), а ако игра како и во минатата сезона, тогаш ќе ги прескокне Џејсон Кид (50.111), Кевин Гарнет (50.418) и Дирк Новицки (51.368). Леброн е петти и според бројот на реализирани слободни фрлања (7.582). Тој може да го надмине Оскар Робертсон (7.694), а да се доближи до третопласираниот Коби Брајант (8.378).

Двајт Хауард, пак, ќе настојува да влезе меѓу врвните 10 според бројот на остварени скокови. Моментно е 11-ти (14.271), а Нејт Турмонд е пред него со 14.464. Ако одигра на високо ниво, може да стигне и до деветтото место, кое го држи Кевин Гарнет (14.662). Најдобар во историјата според бројот на скокови е Вилт Чембрлен (23.924), а Бил Расел е втор (21.620). Крис Пол ќе има аспирации кога станува збор за асистенциите. Во неговите 16 сезони, тој ја надмина бројката од 10.000 и сега е петти. Пред него се Марк Џексон (10.334), Стив Неш (10.335), Џејсон Кид (12.091) и водечкиот Џон Стоктон (15.806). Пол засега е петти и според бројот на украдени топки (2.332), а пред него се Гери Пејтон (2.445), Мајкл Џордан (2.514), Џејсон Кид (2.684) и Џон Стоктон (3.265).


2 views

Comments


bottom of page