top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Џозефин Чаплин, ќерката на Чарли Чаплин

Американската актерка Џозефин Чаплин, ќерка на Чарли Чаплин и неговата четврта сопруга Она О’Нил, почина на 13 јули во Париз, соопшти сега нејзиното семејство, а пренесе „Гардијан“. Таа имаше 74 години.

Во својата актерска кариера, таа имаше многу значајни улоги, вклучително и онаа во филмот „The Canterbury Tales“, во режија на италијанскиот поет Пјер Паоло Пазолини.

Џозефин Чаплин е родена на 2 март 1949 година во Санта Моника, Калифорнија. Првпат се појави на филмското платно на тригодишна возраст, во филмот „Limelight“, во режија на татко ѝ.

Актерката стапи во брак двапати – со грчкиот бизнисмен Ники Систоварис и археологот Жан-Клод Гарден.

Џозефин е едно од осумте деца на Чарли Чаплин и Она О’Нил. За време на судскиот спор со Џоан Бери (негова претходна партнерка), Чаплин ја запознал Она, ќерката на Јуџин О‘Нил, со која стапил во брак на 16 јуни 1943. Чаплин тогаш имал педесет и четири години, додека Она само што навршила осумнаесет. Кога нивното последно дете Кристофер се родило, Чаплин имал 73 години. Она починала од рак на панкреасот во 1991.


1 view

Comments


bottom of page