top of page

Почина Џина Лолобриџида, познатата италијанска актерка и секс симбол

Една од најголемите италијански актерки, Џина Лолобриџида, почина на 95-годишна возраст. Џина почина денеска во Милано, јави италијанската агенција АНСА.

Лолобриџида беше филмска актерка, секс симбол, а се занимаваше и со скулптура, новинарство и фотографија. Во текот на педесеттите години на минатиот век, таа важеше не само за една од најзначајните европски актерки, туку и за секс симбол.

Некои од нејзините најзабележителни филмови се: „Леб, љубов и соништа“, „Крал, кралица и слуга“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царска Венера“, „Звонарот од Нотр Дам“…

Анса пренесува дека на нејзиниот 95-ти роденден на 4 јули минатата година, Лолобриџида изјавила дека е решена да остане креативна на полето на фотографијата и уметничките проекти, кон кои се свртела по нејзината актерска кариера.

Во 2018 година, Лолобриџида доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.





 
 
 

Comments


bottom of page