top of page

Почина ѕвездата на „Брилијантин“ Оливија Њутн Џон

Ѕвездата на „Брилијантин“ Оливија Њутн Џон почина по долга борба со рак на дојка.

Познатата холивудска актерка Оливија Њутн Џон почина на 73-годишна возраст.

Актерката утрово починала на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите, пишува „Дејли Мејл“.

Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави нејзината смрт на неговата Фејсбук страница.

– Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период, напишал тој.

– Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот, додал сопругот.

Семејството побарало наместо цвеќе да се донираат донации за нејзината организација за рак.

Оливија е родена на 26 септември 1948 година во Велика Британија и беше австралиска пејачка, текстописец, актерка, претприемач и активист. Таа е четирикратен добитник на Греми наградата, чија музичка кариера вклучува пет хитови број еден и уште десет топ 10 хитови на „Billboard Hot 100“.

Најпозната е по улогата на Сенди Олсон во филмот „Брилијантин“, каде глумеше со Џон Траволта, а беше и страстен борец за зачувување на животната средина и правата на животните.


 
 
 

Comments


bottom of page