top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина ѕвездата на „Batman“: Ќе остане запаметена по Харли Квин и „Days of Our Lives“

Познатата актерка Арлин Соркин почина на 67-годишна возраст. Таа ќе остане запаметена и по тоа што го позајми гласот на анимираната хероина Харли Квин.Соркин во изминатите неколку години имаше низа здравствени проблеми кои ја оддалечија од актерството.

Актерката

рлин Соркин ја играше Харли Квин во анимираната серија „Batman“ во 1992 година. Таа требаше да се појави само во една епизода, но нејзиниот ангажман постојано беше продолжуван. Харли Квин глумеше во различни видеоигри и анимирани филмови. Соркин ќе остане запаметена и по улогата во серијата на Ен-би-си – „Деновите на нашите животи“ (Days of Our Lives).

– Почивај во мир, Арлин Соркин, неверојатно талентираниот оригинален глас на Харли Квин, кој помогна да се креира лик што многумина од нас го сакаат. Љубов за нејзиното семејство и пријателите – изјави Џејмс Ган.Марк Хамлин, кој соработуваше со актерката, го истакна следново

„Скршени сме поради веста дека ја загубивме брилијантната Арлен Соркин. Не само прекрасен талент, туку и навистина прекрасна личност. Благодарен сум не само што работев со неа, туку и што бев нејзин пријател. Искрено сочувство до семејството“, пренесе американскиот портал Ти-ем-зи.




2 views

Comments


bottom of page