top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина холивудскиот режисер Ричард Донер

Ричард Донер, режисерот на „Супермен“, „Гуниси“ и „Смртоносно оружје“, почина во понеделникот на 91-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сопруга, филмскиот продуцент Лорен Шулер Донер, во изјава за „Дедлајн“. Неговиот прв пробив се случи со филмот The Omen („Пророштво“) во 1976 година, а подоцна ги продуцира Free Willy („Ослободете го Вили“) и The Lost Boys („Изгубените момчиња“). Стивен Спилберг, кој ја напиша приказната врз која се базира „Гуниси“, за „Варајети“ изјави дека Донер бил надарен за многу жанрови. „Да се биде во неговиот круг беше слично на дружење со вашиот омилен тренер, најпаметен професор, најжесток мотиватор, најсакан пријател, најсилен сојузник и – се разбира – најголемиот Гуни од сите“, рече Спилберг. „Тој беше дете. Големо срце. Не можам да поверувам дека го нема. Неговото срдечно смеење ќе остане со мене засекогаш“, додаде режисерот.


1 view

Comments


bottom of page