top of page

Почина Френк Бирд (77), тапанар на легендарните Зи Зи Топ

Aug 25
1 min read

24.08.2026 Avgust Ponedelnik

'Почина Френк Бирд, тапанар на легендарниот бенд Зи Зи Топ ZZ Top. Имаше 77 години и беше единствениот член на класичната постава кој не ја носеше долгата брада, карактеристична за бендот, што е особено интересно бидејќи неговото презиме значи „брада“ на англиски јазик.

Бирд се приклучи на ZZ Top во 1969 година, кратко по основањето на бендот, и стана дел од поставата што ќе ја одбележи историјата на групата, заедно со Били Гибонс и Дасти Хил. Хил почина во 2021 година, а бендот продолжи да работи со Елвуд Франсис на бас.

Според информациите, Френк Бирд починал на 17 август на својот ранч во Тексас. Тој бил опкружен со семејството и ги поминал последните денови на специјалистичка – хоспициска  нега. Причината за смртта сè уште не е објавена, објавува списанието Glide.

„Елвуд и јас денес загубивме голем пријател и соработник, а светот загуби еден од најиновативните тапанари и музичари со неверојатно чувство за ритам, вистински син на Тексас. Неговиот препознатлив стил на свирење беше клучен за звукот на ZZ Top и неговиот успех. Бендот на кој му посвети шест децении од својата кариера ќе продолжи, токму онака како што би посакал“, рече Били Ф. Гибонс, основач на ZZ Top.


 
 
 

Comments


bottom of page