top of page

Почина театарската критичарка Цветанка Зојчевска

Цветанка Зојчевска, истакната македонска театарска критичарка и новинарка од областа на културата, почина во Скопје на 76 години.

Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 година беше уредничка на културната рубрика во весникот „Вест“ каде што и се пензионира.

Во богатиот критичарски опус има напишано над 700 театарски критики. Авторка е на двотомната книга интервјуа „Идентитетот не е нејасна магла“.


 
 
 

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page