top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина таткото на Тоше Проески

02.05.2024 Maj Cetvrtok

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите: - Светол патот, татко мој.Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше. Сочувство до семејството.Како што ни рекоа пријателите на Проески, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Веста за смрта на Никола Проески на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, со слика од од татко ѝ, заедно со брат ѝ Тоше. Никола Проески беше чест гостин на концертите на Тоше, најмногу во Скопје. По смртта на поп-ѕвездата, тој и неговата сопруга Домника се повлекоа од јавноста.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври во 2007 кај Нова Градишка во Хрватска. Неговиот внук, Кристијан Ристески кој е исто така музичар сними неколку песни, а во 2008 излезе и дуетот на Кристијан и на Тоше, „Мое малечко“ (My Little One). Дора Проеска и Славен Ристески имаат уште еден помал син, Никола.


7 views

Comments


bottom of page