Search
Почина тапанарот Рони Рут, близок соработник на Елвис Присли
18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
Рони Тут, тапанарот кој го поддржуваше Елвис Присли од 1969 година до неговата смрт осум години подоцна, почина на 83-годишна возраст.
„Елвис Присли ентерпрајсис“ (Elvis Presley Enterprises) ја објави веста на својата веб-страница во саботата.
„Покрај тоа што беше легендарен тапанар, тој беше добар пријател за многумина од нас овде во Грејсленд“, пишува во соопштението за медиуми. „Многу ќе ни недостасува на сите нас.“
Тут, роден во Далас, исто така работеше со Били Џоел, Нил Дајмонд и Џери Гарсија во текот на својата кариера која траеше шест децении.
Comments