top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Стојан Андов - прв претседател на Собранието на независна Република Македонија Фото и Видео

18.06.2024 Juni Vtornik

Видеата преземени од 24 телевизија и од канал 5 телевизија

30 November 1935 – 18 June 2024

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше партијата до спојувањето со Демократската партија во 1997 година, кога е избран за претседател на Советот на новоформираната Либерално-демократска партија.

На првите повеќепартиски избори во 1990 година е избран за пратеник во Собранието, а подоцна и на сите наредни избори во земјата. Во три мандати бил претседател на Собранието а седниците ги водеше во свој препознатлив стил.

По атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година, извесен период ја врши и функцијата претседател. Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори во 1999 година. Како пратеник, бил и претседател на Постојаната анкетна комисија за човековите права и слободи на граѓаните од 2002 до 2006 година и претседател на собраниската Комисија за уставни прашања од 2006 година.

Андов е познат е како политичар од времето на СФРЈ ориентиран кон пазарната економија, искусен и успешен политички преговарач во современиот домашен политички амбиент, но и како политичар со меѓународна репутација во преговорите со странските експерти од областа на економските односи, политичкиот систем и човековите права.

Бил избран и за потпретседател на Либералната интернационала. Андов, како претседател на првото Собрание на самостојна Македонија беше одлукуван со Орден „8 Септември“ за особен придонес, почит и благодарност за осамостојување на државата.




1 view

Comments


bottom of page