Почина славниот текстописец Марк Џејмс: Ја напиша „Suspicious Minds“ на Елвис Присли
14.06.2024 Juni Petok
Американскиот текстописец Марк Џејмс почина на 83-годишна возраст, објави „Би-би-си“.
Џејмс, кој стои зад еден од најголемите хитови на Елвис Присли – „Suspicious Minds“, почина на 8 јуни во својот дом во Нешвил. Причината за смртта не е објавена.
Во соопштението, семејството на Џејмс рече дека „тој ја осветлувал секоја просторија со својата насмевка“.„Имаше најслатка насмевка, најзаразна смеа и искра во очите што никогаш не згасна“, велат тие.
Во 2000 година, Џејмс беше прогласен за еден од најдобрите текстописци на 20 век заедно со Пол Макартни, Елтон Џон и Холанд-Дозиер-Холанд.
Покрај „Suspicious Minds“, тој стои и зад песните „Always on My Mind“ и „Hooked on a Feeling“. Двете песни беа вклучени во листата на 100 најдобри песни на 20. век, заедно со „Suspicious Minds“.
Во текот на неговата кариера, неговите композиции се снимени или обработени од уметници како Вили Нелсон, Бил Витерс, Бренда Ли, Џеј Зи, Пет Шоп Бојс и Мајкл Бубле.
Commenti