top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина славниот композитор Микис Теодоракис – “Гркот Зорба“ замина во легенда – музика за филмот “Су

Updated: Sep 3, 2021

02.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година, на егејскиот остров Хиос. На тринаесет години ја напишал својата прва композиција, откако за музиката се заинтересирал по гледање на еден стар филм за Бетовен. Младиот Микис сонувал за музичка кариера и се запишал на конзерваториум во Атина. Поранешната СФР Југославија го памти и како пријател на Јосип Броз Тито, па беше ангажиран да напише музика за филмскиот спектакл “Сутјеска“. Сè останато е историја.

Микис Теодоракис, почина денес на 96-годишна возраст во својот дом во Атина. Грчкиот Парламент одржа една минута молк во негова чест. -Денес губиме дел од душата на Грција. Микис Теодоракис. Микис учителот, интелектуалецот, радикалот, нашиот Микис замина, изјави грчката министерка за култура Лина Мендони. Во својата земја, Теодоракис беше многу почитуван не само поради музиката туку тој се памти и како личност која даде голем отпор кон Грчката воената хунта. Музичкиот опус на Микис се протегаше од опери, филмска музика, камерна музика… до хорската музика, но и до популарната музика за помлади генерации. Поранешната Југославија го памти и како пријател на Јосип Броз Тито, па беше ангажиран да напише музика за филмскиот спектакл “Сутјеска“.

Во текот на Грчката граѓанска војна бил прогонуван, затворан и мачен. Меѓутоа неговото име најмногу се поврзува со познатата музика од култниот филм „Гркот Зорба“, филм кој му донесе и планетарна слава, со Ентони Квин во главната улога. Танцот од тој филм „сиртаки“, многумина го сметаат за дел од грчкиот фолклор, иако всушност е измислен за потребите на филмот. Микис Теодоракис има напишано повеќе од илјада песни. Со својата музика кренал вистинска културна револуција. Правел музика и на поетот Јанис Рицос со звуците на тогаш забранетиот народен инструмент – бузуки.

По падот на воената диктатура Микис Теодоракис се врати од Франција во својата сакана Грција во 1974 година. Беше славен како икона на слободата и народен грчки херој. За Микис Теодоракис Грците велат дека е „гласот на народот“. Постојано храбро се бореше против сите неправди во грчкото општество. Беше широко почитуван во Грција, од стари и млади, сиромашни и богати, а неговата музика и денес се свири на секоја грчка прослава, свадба, забава, дружба….(Фото:Инстаграм,ФБ,Јутјуб)




0 views

Comments


bottom of page