top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Сиси Хјустон, добитничка на „Греми“ и мајка на Витни Хјустон

09.10.2024 Oktomvri Sreda

Сиси Хјустон, добитничка на „Греми“ и мајка на покојната Витни Хјустон, почина на 91-годишна возраст.

„Со тага објавувам дека денес почина мојата сакана кралица Сиси Хјустон! Молете се за семејството Хјустон“, напиша снаа ѝ Пет Хјустон на „Инстаграм“.

Сиси Хјустон е родена како Емили Дринкард на 30 септември 1933 година во Њуарк. Таа пораснала во музичко семејство и ја почнала својата кариера пеејќи во црковниот хор, а подоцна и како член на евангелската група Drinkard Singers, основана од нејзината постара сестра Ли.

Нејзиниот продорен глас и талент бргу го привлекоа вниманието и таа стана баран придружен вокал во музичкиот свет. Во текот на 60-тите таа се приклучи на групата Sweet Inspirations, придружна вокална група, која соработуваше со легенди како Арета Френклин и Елвис Присли. Со текот на годините Сиси Хјустон работеше со многу музички великани, вклучувајќи ја Дион Ворвик, нејзината внука, потоа Отис Рединг, Џими Хендрикс и многу други.

Како соло изведувач Хјустон издаде неколку албуми и се истакна со хитовите како Think It Over и Warning – Danger. Таа ја освои наградата „Греми“ за најдобар госпел-настап во 1996 година потврдувајќи го својот статус во музичката индустрија. Нејзината кариера остана во сенка на трагични приватни настани, особено поради прераната смрт на ќерка ѝ Витни Хјустон.

Сиси напиша мемоари, Remembering Whitney: My Story of Love, Loss, and the Night the Music Stopped, во кои ги сподели своите сеќавања за Витни, нивната семејна историја и нејзината перспектива за предизвиците низ кои поминале.



0 views

留言


bottom of page