Search
Почина ракометниот стратег Илија Темелковски
- Aleksandar Santovski
 - Oct 14
 - 1 min read
 
14.10.2025 Oktomvri Vtornik
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишнавозраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.Како селектор на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но онашто е позначајно, тука започна континуитет на учеството на големите натпреварувања кој траедо денес.






Comments