Search
Почина пејачката Џули Круз која се прослави со песните за серијата „Твин пикс“
- Aleksandar Santovski
- Jun 13, 2022
- 1 min read
Почина американската пејачка Џули Круз, најпозната по песната Falling од хит серијата „Твин пикс“. Таа имаше 65 години, а веста за нејзината смрт на „Фејсбук“ ја објави сопруготот Едвард Гринан, но не ја откри причината. Пејачката во 2018 година им откри на обожавателите дека боледува од системски лупус. „Болката е толку силна што плачам и викам по луѓето. Едвај можам да одам. А сега ми е тешко и да стојам“, кажа тогаш Круз. Круз, често соработуваше со режисерот Дејвид Линч. Тие првпат работеа заедно на филмот од 1986 година „Blue velvet“, а потоа се здружија со композиторот Анџело Бадаламенти за да го направат деби албумот на Круз, Floating Into The Night од 1989 година.

Comments