top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина најстарата ќерка на Пикасо на која уметникот ѝ имаше посветено многу дела

Маја Руис-Пикасо, најстарата ќерка на шпанскиот уметник Пабло Пикасо на која татко ѝ ѝ посвети неколку слики, почина денес во 88-та година од животот, изјави нејзниот адвокат Ришар Малка.

„Маја Руис-Пикасо почина мирно утринава опкружена со семејството, во 88-та година“, се наведува во соопштението на адвокатот без други детали.

Родена на 5 септември 1035 година, Марија де ла Консепсион со прекар Маја му беше прво дете. Во Париз е во тек изложба за ќерката на Пабо Пикасо и Мари-Терез Валтер, кои се запознаа во 1927 година.

Пикасо, кој почина во 1973 година, имаше четри деца, а Маја му беше прво дете. Во Париз е во тек изложба за ќерката на Пикасо и нејзиниот однос со славниот татко. Во парискиот музеј посветен на делата на Пикасо, се изложени слики кои уметникот ѝ ги посветил на Маја, меѓу кои „Маја со кукла“, „Маја со кукла и коњ“ „Маја во морнарски костим“, „Маја со чамец“ и „Маја со престилка“. Пикасо, кој почина во 1973 година, имаше четири деца, а Маја беше неговото прво дете. Во Париз е во тек изложба за ќерката на Пикасо и нејзината врска со нејзиниот славен татко. Во 2023 година, Франција и Шпанија преку неколку изложби ќе ја одбележат 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо. Пабло Пикасо (1881-1973) беше сестран уметник – сликар, скулптор, цртач и графичар, еден од најголемите на 20 век, кој половина од својот живот го помина во Франција. Заедно со Џорџ Брак, тој е еден од основачите на кубизмот. Тој се смета за еден од најголемите и најплодните сликари на сите времиња. Најпознатите слики на Пикасо се, покрај монументалната „Герника“ (1937) и делото „Девојките од Авињон“ (1907), платна што се сметаат за прво кубистичко дело, како и „Дете со гулабица во рацете (1901), „Семејство акробати“ (1905), „Акт“ (1910), „Жена со гитара (1911-1912), „Виолина“ (1914) и „Огледало“ (1932).


1 view

Comments


bottom of page