top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс Бонд

Британскиот композитор и текстописец Монти Норман, чии дела ја вклучуваат оригиналната музичка тема во филмовите за агентот Џејмс Бонд, почина на 94-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди семејство. Дете на латвиски имигранти, Норман порасна во источниот дел на Лондон, каде што мајка му му ја купи првата гитара на 16-годишна возраст. Тој продолжи да компонира за емисиите на „Вест енд“, како Expresso Bongo и Irma La Douce, пред да премине на филм. Неговата Бонд-тема, нарачана за „Доктор Но“ од 1962 година, се користеше во целиот серијал. Продуцентот на Бонд, Каби Броколи, побарал од Норман да компонира музика за првиот филм бидејќи бил импресиониран од негата сценско-музичка работна биографија. За главната тема, композиторот ја избриша прашината од една од своите претходни композиции – Bad Sign Good Sign – и ја прекомпонира имајќи го на ум префинетиот агент 007. Откако го префрли главниот риф од ситар на електрична гитара, Норман знаеше дека ја доловил суштината на 007. „Неговата сексуалност, неговата мистерија, неговата немилосрдност – сето тоа е тука во неколку ноти“, се сеќаваше тој подоцна.



2 views

Comments


bottom of page